IPPS (Integrated Pollution Prevention and Control) - Интегрирано спречување и контрола на загадувањето

Вовед

Процедурата именувана како Интегрирано Спречување и Контрола на Загадувањето(ИСКЗ), дефинирана во поглавјето XII од Законот за животна средина ги става во сила одредбите од Директивата на ЕУ од 24 Септември 1996 година за Интегрирано Спречување и Контрола на Загадувањето 96/61 EC која претставува камен темелник на заедничката политика на ЕУ во областа на заштита на животна средина од големите индустриски загадувачи.

Цел на процедурата за ИСКЗ

Оваа процедура подразбира издавање на една дозвола која ги опфаќа сите аспекти на работата на една инсталација, а особено оние кои се однесуваат на емисиите на загадувачки материи во сите медиуми и управување со животната средина. Воедно, таа претставува договор помеѓу операторот и надлежниот орган кој ја издава дозволата, во кој на операторот му се дава дозвола да работи со инсталацијата под јасно определени услови.
За да добие дозвола, операторот ќе мора да обезбеди работа на неговата постројка / инсталација согласно препораките за Најдобри Достапни Техники (НДП)
А-интегрирана еколошка дозвола, операторот поднесува барање до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната.
Б-интегрирана еколошка дозвола, операторот поднесува барање до надлежните органи на општината.