ISO 14001:2015 - EMS - Систем за менаџмент со животната средина

Што е Систем за менаџмент со животната средина (EMS)?

EMS е усoгласен со барањата на стандардот ISO 14001:2015 и е начин на кој Вашето претпријатие јасно го покажува своето влијание во заштита на животната средина со контролата на влиајнието на своите активности, производи или услуги врз животната средина, согласно со политиката и целите за менаџмент со животната средина.
EMS овозможува Вашето претпријатие да востанови и ја оцени ефикасноста на постапките за утврдување на политиката и целите за менаџмент со животната средина, за да постигне усогласеност со нив и да на другите им ја покаже таа усогласеност.
EMS е помага на Вашата организација да се здобие со доверба на заинтересираните страни дека раководство е обврзано да ги исполнува барањата од политиката на заштита на животната средина и остварува општи и посебни цели за заштитата на животната средина; дека акцентот е повеќе на превентивните отколку на корективните мерки; да можете да Вие пружите докази за основаната предострожност и усогласеност со законските прописи и дека концепцијата на EMS вклучува процес на постојано подобрување.

Зошто Ви е потребен EMS?

  • Добивање на доверба на корисникот/купувачот дека постои обврска за управување со заштита на животната средина кој може да се прикаже;
  • Одржување добри односи со јавноста и општествената заедница;
  • Задоволување на критериумите на инвеститорите и поуспешен пристап кон капиталот;
  • Заклучивање на осигурување со поволни услови и подносливи трошоци;
  • Зголемување на углед и удел на пазарите (особено интернационалните);
  • Задоволување на критериумите за сертификација;
  • Подобрување на управување со трошоците;
  • Намалување на број на незгоди за кои се превзема одговорност;
  • Покажување на основни предострожности;
  • Заштеда на влезен материјал и енергија;
  • Олеснување на добивање на дозволи и овлстувања;
  • Потикнување на развој и заедничко користење на решенија во областа на заштита на животната средина;
  • Подобрување на односите помеѓу дејности (индустрија/ услуги) и владата.

Како да се воспостави EMS?

Планирајте: Утврдете ја својата политика на животната средина и обврските во својот EMS и изработете го планот за нивно остварување;
Направете: Обезбедете услови и помошни механизми потребни за остварување на својата политика за животната средина, општи и посебни цели, со примена на соодветни документи од ISO 9001:2015;
Мерете и вреднувајте: Пратете, мерете и вреднувајте го свој допринос кон заштитата на животната средина;
Делувајте: Преиспитувајте и постајано подобрувајте го својот систем за менаџмент со животната средина заради подобрување на вкупниот допринос кон заштитата на животната средина.

Што можете да очекувате од нас?

Да Ви пружиме стручна консултантска помош при воведување на EMS во Вашето претпријатие;
Нашите консултантски услуги вклучуваат:

  • Идентификување на аспектите на животната средина и вреднување на нивното влијание врз животната средина; утврдување на законските и други барања на кои Вашето претпријатие е обврзано; развивање интерни критериуми за учинок врз животната средина; изработка на програми за управување со животната средина;
  • Изработка на документацијата на EMS (независно или интегрирано со документацијата на системот за менаџмент со квалитетот);
  • Издавање на документацијата на EMS за употреба;
  • Обука на сите вработени во претпријатието за примена на документацијата на EMS;
  • Обука за интерни проверки на EMS (независно или интегрирано со QMS);
  • Интерни проверки на EMS;
  • Подготовка за сертификација на ISO 14001:2015 и присуство во тек на сертификација.